Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фити: Растат трошоците за живот и расте притисокот на работниците за поголеми плати

Фити: Растат трошоците за живот и расте притисокот на работниците за поголеми плати

Професорот и академик, Таки Фити, во емисијата „Топ тема“ изјави дека цената на енергенсите почна да расте пред руската агресија.

Според него, големото покачување на цената на енергијата е поради брзото заздравување на светската економија во 2021 година. Фити потенцира дека вкупната инфлација пораснала одеднаш.

„Овие стапки на инфлација долги години не беа забележани. Сега борбата е како да се намали. Кога расте цената на нафтата, расте и се друго. Таа учествува како суровина во многу производи. Растат трошоците за живот и расте притисокот на работниците за поголеми плати. Сега се случи некаква реприза што порано беше случај со двата нафтени шокови во 1970-тите години од минатиот век“,  додава Фити.

Додава дека од почетокот на војната скокна цената на барел нафта. 

Слично

Поврзани вести