Економија, финансии, бизнис

Контакт

Fitch може да го намали кредитниот рејтинг на Турција

Fitch може да го намали кредитниот рејтинг на Турција

Оценката на агенцијата зависи од реакцијата на Владата и евентуалното продлабочување на политичката поделеност.

Рејтинг агенцијата Fitch може и да го намали кредитниот рејтинг на Турција во август, кога нејзината оценка треба да биде објавена.

„Обидот за државен удар во Турција и реакцијата на властите ги нагласува политичките ризици за суверениот кредитен профил на земјата"- посочуваат од агенцијата.

Агенцијата констатира дека нема доволна политичка поддршка за отстранување на претседателот Реџеп Таип Ердоган од власт, независно од антивладините расположенија.

Новата оценка на Fitch за кредитниот рејтинг на Турција ќе биде објавена на 19 август.

Слично

Поврзани вести