Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ги враќаат кредитите: Познати оценките за рејтингот на македонските фирми

Како ги враќаат кредитите: Познати оценките за рејтингот на македонските фирми

Компаниите во земјава се кредитоспособни, односно редовни плаќачи на земените кредити, покажуваат последните оцени на КОФАС (Француската компанија за осигурување на кредититите за извоз) . Според нив, Северна Македонија кредитниот рејтинг го подобрила од Ц на оценка Б, а бизнис климата во земјава се оценува со А4. Податоците ги објави денеска Валентина Цветковска од Стопанската комора на Македонија.

„Во изготвувањето на рејтингот на секоја компанија влегува и ризикот на земјата кој во оценката учествува со 25 отсто. За да се види колкав е рејтингот на компанииите за кредитирање во една држава се земаат и неколку други важни фактори меѓу кои се националниот приход по глава на жител, растот на БДП, стапката на инфлација, фискалната рамнотежа, јавниот долг и економскиот развој, рече Цветковска.

На минатото оценување државата била оценета со оценка Ц за кредитниот рејтинг, и со оценка Ц за бизнис климата што се полоши оценки.

Како позитивни предности на нашата држава се наведени интеграцијата во германскиот ланец на производство, конкурентноста на платите и стабилноста на денарот.

Подобрената оценка од КОФАС За македонските компании  значи отварање на нови пазари во странство  а пред се признавање од страна на странските деловни партнери. 

Најдобар кредитен рејтинг на домашните фирми од регионов според Кофас има Словенија, а помала оценка има Албанија.

Кофас од 2013 година има издадено над 800 сертификати, а оценува над 80 милиони компании во светот.

Во Македонија одличните или „екселент“ компании кои можат да го користат таканаречениот „екселент есеми“ се оценуваат со оценки од 6 до 10. 

Најголемата оцена на фирма во Македонија била 8. 

Слично

Поврзани вести