Фирмите под 50 вработени не мора да водат канцелариско и архивско работење!
Пакет административни олеснувања на барање на бизнис заедницата ќе усвои Владата. Оваа најава дојде од митингот во Охрид.
Премиерот Груевски најави дека физичките и правни лица кои имаат до 49 вработени ќе бидат ослободени од водење канцелариско и архивско работење. Единствената обврска за нив ќе биде да се архивира материјалот кој е од трајна вредност за Македонија, науката и културата.
Правните лица пак, со 50 и повеќе вработени ќе имаат обврска да водат единствено основна евиденција. При тоа законот дава можност самите да утврдат која евиденција ќе ја водат, односно можат наместо деловодник да водат своја евиденција која веќе им е воспоставена, а исто така и основните броеви можат да ги утврдат самостојно онака како што веќе ја имаат воспоставено евиденцијата, а не задолжително да ја користат номенклатурата на државниот архив.
Инаку, Владата од Охрид испорача и еден куп други ветувања.
Повисоки плати за 30% за информатичарите во државните институции, плаќање на заостанатите придонеси на рати и со попусти. Владата излезе со нов пакет мерки за компаниите, малите бизниси, земјоделците, трговците. Во исто време сите самовработени лица што имаат долг по основ на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во период до крајот на 2008 година, ќе можат да го платат долгот на рати и тоа најмногу до 24 месеци во зависност од висината на долгот и тоа со целосно ослободување од камата.
Претходно власта најави повисоки плати за полицајците.
Тука прочитајте:
Слично
