Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фирмите на Штерјо Наков бележат пад во приходите од 13 отсто и сега изнесуваат 11 милиони евра!

Фирмите на Штерјо Наков бележат пад во приходите од 13 отсто и сега изнесуваат 11 милиони евра!
Групацијата Фершпед во која спаѓаат повеќе компании во кои доминантно учество има токму компанијата Фершпед АД има пад во вкупните приходи. За првото тримесечие приходите изнесуваат 676милиони денари (11 001 723 евра) и бележат пад од 13%. Во групацијата 99, 7 отсто се оперативните приходи а само 0, 2 отсто се финансиските приходи. Пад од 15 отсто забележуваат и Вкупните расходи на групата Фершпед. Групата Фершпед АД Скопје во истиот период оствари негативен финансиски резултат од редовно работење пред оданочување во износ од 37 милионии денари што претставува намалување на негативниот финансиски резултат за истиот период минатата година. Инаку, Групата Фершпед ја сочинуваат неколку  компании во мнозинска сопственост на „Фершпед“, дел домашни дел работат во странство: Винаријата Сковин (96,693% учество на Фершпед), Лотарија на Македонија (57,930%), Хотели Метропол (73,503%), Фершпед брокер (99, 981%), Фершпед Транс (100%), Агро Фер (100%), Еуротрадинг-Солун (100%), Ферагент-Бар (100%), Феркос-Приштина (100%), Сковин-Белград (100%) и Фертраде-Белград (100%).
Слично

Поврзани вести