Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИРМИ ЗА КОМПЈУТЕРИ, ЕЛЕKТРОИНСТАЛАТЕРИ И ЗА КАНЦЕЛАРИСКИ МАТЕРИЈАЛИ: Од каде дел од општините купуваат новогодишни пакетчиња и ги китат градовите

ФИРМИ ЗА КОМПЈУТЕРИ, ЕЛЕKТРОИНСТАЛАТЕРИ И ЗА КАНЦЕЛАРИСКИ МАТЕРИЈАЛИ: Од каде дел од општините купуваат новогодишни пакетчиња и ги китат градовите

Новогодишни пакетчиња за Општина Гевгелија ќе пакува фирма за канцелариски материјали и периодични списанија, а пакетчињата со новогодишни подароци за потребите на Општина Прилеп ќе ги набави фирма чија дејност е информатичка технологија и компјутери. Општина Кичево пак, ќе добие новогодишни декорации од фирма која се занимава со електроинсталатерски работи.

Фактор направи проверка на дел од новогодишните тендери на општините, кои покажуваат дека фирмата за компјутери „Интегра системи“ безмалку 200 илјади денари за да набави играчки за потребите на Општина Прилеп. Фирмата, според податоците, низ годините вршела набавки на работи поврзани со компјутери и смарт системи, а новогодишни играчки за општината и за прилепско јавно претпријатие има набавено и лани. 

За речиси 72 илјади денари пак, кочанската Рики-Јуниор ќе набавува новогодишни пакетчиња со прехранбени производи за децата на вработените во Општина Гевгелија. Фирмата, чија дејност е „трговија на мало со весници и други периодични списанија и канцелариски материјали“, освен овој тендер има добиено и други договори со инстиуции - речиси сите за канцелариски материјали или за средства за хигиена. 

Општина Кичево пак, одбра електроинсталатерска фирма за новогодишно украсување, односно за „разновидни предмети за декорирање“. Договорот е склучен за 395 илјади денари, која украсувала и лани, а која воедно е задолжена за одржување на зеленило околу зградата на Општина Кичево, изградба и одржување на електрична мрежа и јавно осветлување во Општина Кичево за период од една година, како и за одржувањето на осветлувањето во Пласница. Освен тоа, фирмата го добила и тендерот за замена на осветлување во главен погон со материјал од РЕК Осломеј. Сите овие работи успева да ги заврши, иако според официјалните податоци има седуммина вработени.

Александар Тодески

Слично

Поврзани вести