Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фирмата на Груевски во Унгарија уште работи, но заработката e скромна

Фирмата на Груевски во Унгарија уште работи, но заработката e скромна

Фирмата што поранешниот премиер Никола Груевски ја регистрираше во Унгарија сè уште е активна, но нејзините финансиски резултати покажуваат скромна заработка, далеку од впечатокот за развиен бизнис. Како што јавува ФОКУС, компанијата I.C.I.C. Kft. во последниот поднесен годишен извештај за 2024 година пријавила добивка од 4,1 милиони унгарски форинти, односно околу 10.500 евра, а по одбивањето на трошоците и даноците, чистата добивка изнесувала 6.860 евра.

Од таа сума, Груевски подигнал нешто над 5.000 евра како дивиденда. Во билансот на состојба се појавува и долг од 2,5 милиони форинти, односно околу 6.500 евра, што покажува дека фирмата, иако активна, работи со ограничени приходи и со кредитна обврска.

Компанијата I.C.I.C. Kft. е регистрирана на 14 јули 2021 година во Пецел, место на околу дваесетина километри од Будимпешта. 

Откако се смени власта во Унгарија, новиот унгарски премиер Петер Маѓар кажа дека неговата земја нема да биде засолниште на пребегани криминалци. Тука спомна двајца полски министри, но и Груевски. 

Варшава веќе испрати писма и ги бара бегалците. 

Премиерот Христијан Мицкоски пред три дена изјави дека екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија е можна само доколку му биде одземен политичкиот азил.

Кога пред неколку години избега во Унгарија, Груевски тврдеше дека тоа го направил затоа што имал информации дека во затвор ќе му биде загрозена безбедноста. 

Слично

Поврзани вести