Фирма нема да може да се регистрира на домашна адреса?
Министерството за економија предлага измени во Законот за трговски друштва, согласно кои фирмите веќе нема да можат да се регистрираат на домашна адреса. Тие ќе мора да поседуваат или закупуваат посебен простор.
Измените ќе важат и за таксистите кои се регистрирани како ДООЕЛ, но и за многу фирми кои работат онлајн преку интернет, па досега не им беше потребен закуп на деловни простории. Експертите се согласуваат дека ваква мерка може да предизвика сериозни проблеми особени за малите бизниси во Македонија.
„Целта на предложените дополнувања на Законот за трговските друштва е воведување одредби со кои ќе се предвиди обврска за трговските друштва, седиштето на фирмата да мора да се регистрира во деловната просторија, во негова сопственост или во негово владение“, стои во предлогот на Министерството.
Измените ќе се најдат пред новиот собраниски состав.
Слично
