Фирма ќе се отвора само по електронски пат
Продолжува бришењето на неактивните фирми, а од февруари, регистрација на фирма ќе се врши исклучиво по електронски пат. Како што информираше директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски, новините на разгледување во Владата ќе стигнат овој месец. Костадиновски уверува дека до февруари ќе има доволен број регистрациски агенти, па без проблем и без пари ќе се регистрира фирма.
Оваа година биле отворени над 6 илјади компании, од кои 240 регистрирани по електронски пат. Истата година се затворени, во нормална процедура 3.758 компании.
Централниот регистар пак годинава од евиденција избришал 4200 фирми, 3500 имаат блокирани сметки, а над 6 илјади фирми се проверуваат од УЈП.
Според Костадиновски, УЈП ќе треба да го утврди и статусот на речиси 38 илјади регистрирани субјекти. Во евиденцијата на Централниот регистар пак има околу 100 илјади компании.
Централниот регистар новите проекти ќе ги претстави во 20 градови преку Отворените денови што ги организира овој месец.
„ Во согласност со нашата заложба што поблиску да бидеме до граѓаните тимови од Централниот регистар од Скопје заедно со локалното раководство ќе бидат достапни да одговорат на сите отворени прашања на граѓаните што се поврзани со надлежностите на Централниот регистар“, рече Костадиновски.
Слично
