Финците летаат директно кај Хрватите на море
Националната финска авио компанија Финер од денеска до 12 август воспоставува директна линија Хелсинки-Пула.
Финер ќе лета два пати неделно во понеделник и петок, соопштено е од аеродромот во Пула.
Како што се наведува во соопштението, Финер е најголема авио компанија во земјата со седиште на аеродромот Хелсинки-Ванта.
Финската Влада има удел од 55.8% во компанијата. Билетот ќе чини 300 евра.
За 2016 година Хрватска е меѓу топ дестинациите за германските туристи.
Оваа сезона голем е интересот и кај Русите за летување во Хрватска.
Слично
