ФИНСКИТЕ ТОВАРНИ ВОЗОВИ ПОВТОРНО ОДАТ ДО САНКТ ПЕТЕРБУРГ: „Британските санкции не важат за финските бизниси“
Финската железница по тридневна пауза повторно го превезува
товарот до Санкт Петербург. Државната железничка компанија VR Group денеска објави дека по тридневна
пауза и консултации со британските власти за санкциите против Русија, ќе
продолжи да транспортира товар на линијата Хелсинки-Санкт Петербург.
Компанијата го прекина транспортот на карго во неделата поради британските санкции против руските железници, но по консултациите со британските власти утврдија дека санкциите не ги покриваат договорите на VR Group, се вели во соопштението.
„Објаснувањето на британските власти и банки е дека санкциите не важат за нашиот бизнис. Затоа можеме да продолжиме со железничкиот транспорт важен за извоз, увоз и транзит и да обезбедиме услови за бизнисот на финските извозници“, изјави шефот на компанијата Лаури Сипонен.
Според компанијата, услугите за товарен транспорт се фокусирани на производите и суровините на извозниците, велат од компанијата, истакнувајќи дека минатата година компанијата превезла приближно 37 милиони тони товар. Финско-руската трговија сочинуваше околу една третина од таа сума, додаваат тие.
ФОТО: EPA/MARKKU OJALA