Финска почнува да дели по 560 евра на граѓаните
За 2.000 Финци државата идната година ќе дели пари, при што нема да прават ништо, дури не мора ни да бараат работа.
Се работи за универзален доход односно експеримент во Финска, инаку земја која многу експериментира од образование па се до други прописи.
Децата во Финакса не пишуваат домашни задачи, а на расправа за закон учествува кој ќе посака.
За делење на 560 евра без никаква обврска, Финците дискутираа на 9 септември, а ова во пракса ќе почне да се реализира во 2017 година.
По случаен избор ќе бидат селектирани невработените кои ќе примаат по 560 евра месечно.
По две години ќе се види какво било однесувањето на оваа група и друга група која од берза исто ќе добива по 560 евра.
Оваа сума на пари не е доволна за живот во Финска. Идејата ја поддржуваат 69%. но ако сумата биде 1000 евра.
Данците ќе направат експеримент, но со 972 евра, износ со кој може да се живее.
