Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финците најмногу, а Бугарите и Хрватите најмалку работеле од дома

Финците најмногу, а Бугарите и Хрватите најмалку работеле од дома

Минатата година, 12 отсто од вработените во земјите на ЕУ работеле од дома. 

Податоците ги објави Евростат, и се однесуваат на вработените на возраст меѓу 20 и 64 години. Тоа е двојно повеќе од годишниот просек за последната деценија, што е околу пет до шест проценти. Финците работеа претежно од дома, така што во главниот град Хелсинки, дури 37 проценти од вработените ја вршеа својата работа од дома. Во Виена, делови од Ирска, Данска, Франција, Холандија, како и во Луксембург, скоро секој четврти вработен работел главно од дома. Во Хрватска, Кипар, Летонија и Бугарија, помалку од пет проценти од вработените работеа од дома.

Слично

Поврзани вести