Финансова полиција ја „чешла“ Мост
Од Финансиска полиција велат дека од невладината организација Мост биле побарани документи, за според нив сомнително лице на чија сметка со години се префрлале значајни суми на пари, јавува Телма.
„Проверуваме по кој основ на ова лице му се префрлани десетици илјади евра во странство“- вели директорот на финансова полиција, Александар Тргачевски.
Тој категорично демантира дека финансовата полиција влегла во просториите на Мост и дека зад овој случај нема никакава политичка позадина.
Мост за денеска закажа прес-конференција, на која ќе го презентира вториот извештај од досегашното спроведување на проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“. Проектот опфаќа набљудување на периодот пред распишувањето на предвремените парламентарни избори.
