Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финансиските проблеми на Грција удрија по еврото

Финансиските проблеми на Грција удрија по еврото

Еврото поевтинува на поскапувањето на доларот на светските берзи денеска.

Падот на вредноста на еврото беше под влијание на вознемиреноста предизвикана од финансиските тешкотии на Грција. Можноста Грција да западне во банкрот и евентуално да излезе од еврозоната, влијаеше негативно на единствената европска валута.

Цената на еврото падна за 0,1% до 1,0731 евра за 1 долар, со што поевтини во однос на вредноста од крајот на минатата недела. Тогаш европската валута се тргуваше за 1,0949 долари. Во понеделникот еврото повторно поевтини, откако на општините и државните институции во Грција им беше наредено да ги пренесат своите резерви на Централната банка, за да се избегне ликвиден недостаток.

Атина продолжува да преговара со европските партнери и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за реформите кои треба да се извршат за да се опуштат дополнителните спасувачки фондови, потребни на земјата. Тоа треба да се случи пред земјата да влезе во неликвидност и неможност да ги плаќа своите обврски.

Слично

Поврзани вести