Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финансискиот план за локалните избори под лупа на ДИК

Финансискиот план за локалните избори под лупа на ДИК

Државната изборна комисија попладнево ќе одржи седница на која ќе биде разгледан и усвоен Предлог - финансискиот план за спроведување на локалните избори што ќе се одржат на 24 март.

На седницата, како што се наведува во соопштението од ДИК, ќе се разгледаат и усвојат и Предлог - планот за јавни набавки за 2013 година, Предлог - одлуката за утврдување трошоци за спроведување изборни активности во реално направени трошоци, Предлог - одлуката за благајнички максимум и Предлог овластување за генералниот секретар на Комисијата.

На минатата седница ДИК го донесе роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на локалните избори.

Слично

Поврзани вести