ФИНАНСИСКИ ЗОНИ: Паралелен систем или модел за привлекување странски инвестиции?
Формирање на финансиски зони, лимитиран јавен долг и буџетски дефицит, преименување на Народната банка, дали на овие економски параметри им е местото во Уставот? Експертската и научната јавност е со поделени мислења. На вчерашната стручна расправа во Македонската академија на науките и уметностите, академиците и професорите изнесоа различни ставови за потребата од дефинирањето на овие економски прашања со највисокиот правен акт- Уставот. Копјата се прекршија за амандамнот со кој се дефинира формирањето на меѓународни финансиски зони. Според дел од правниците, овој амандман треба да се уреди со посебен закон, а не со Устав.
- На овој амандман не му е местото во Уставот. Ова значи екстериторијалност. Во Ирска и во Велика Британија ваква одредба не е дефинирана со Устав, вели универзитетскиот професор Јове Кекеновски.Дел од експертите сметаат дека со формирањето на финансиските зони се создава простор за создавање на паралелен систем односно “држава во држава”.
- Овој амандман предлага нешто што се коси со суверенитетот на државата, односно предлага држава во држава во сферата на финансиите, вели професорот Владо Поповски.Според професорот и поранешен министер за финансии Трајко Славески, оваа идеја е наменска и ќе ѝ помогне на Македонија да фати чекор со одредени големи финансиски центри, но смета дека ќе помине долг период додека почне да функционира.
- Треба да се знае која правна регулатива ќе важи и да се води сметка како на зоните гледаат Европската унија и Светската трговска организација. Лично јас сметам дека нема никаков проблем за создавање на правна основа за создавање на слободна финансиска зона. Прашање е колку време ќе треба за да се изгради потребната инфраструктура за таа да биде атрактивна, изјави професорот СлавескиДел од учесниците во расправата посочија дека формирањето на финансиските зони претставуваат можност за привлекување на странски инвестиции. Гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов, меѓународната финансиска зона не го засега домашниот финансиски систем, туку е насочена на меѓународниот пазар.
- Формирањето на финансиските зони не го засегаат домашниот банкарски систем и нема да има негативни импликации. Тие ќе работата за извоз на услуги на меѓународните пазари и нема да има конкурираат на домашните банки.Во странство има различни модели за формирањето на ваквите зони, кај нас е одбран систем со англиско законодавство, и тука ќе се пресликаат тие закони, бидејќи инвеститорите бараат познати закони. Овој концепт ќе даде позитивни ефекти и тоа што функционира во ЕУ може да го искористиме. И агенцијата “Фич” даде позитивно мислење за финансиските зони, изјави гувернерот Богов.Во образложението на амандманот стои дека оснвањето и организацијата на зоната, сите права и обврски на органите на управување на зоната и посебните судски и регулаторни органи, какои решавањето на споровите во рамките на зоната, ќе бидат уредени со посебен акт.
- Во зоната се применува посебна правна регулатива, освен прописите од областа на кривичното право на Република Македонија. Зоната ќе донесе акти со кои ќе се регулира спречувањето на перење пари и финансирање на тероризам и супервизијата според важечките стандарди на ООН. Даночното, комерцијалното-деловното и граѓанското право на Република Македонија нема да се применуваат во зоната. Регулативата во овие правни области ќе биде донесена со акти на зоната, во согласност со највисоките меѓународни стандарди, стои во образложението од амандманот.Токму примената посебни правни регулативи предизвика реакции кај стручната фела.Дел од експертите дури посочија дека некои од формулациите во текстуалниот дел на амандманот се правно нејасни.
- Никој не е против финансиските зони. Но одговорно тврдам дека во Уставот не постои ваква глава, ова не е уставно прашање.Во тесктот стои се основа, зоната може да се формира, а што ако не се формира? Вака како што е опишано ги надминува рамките на финансиска зона. Пишува ќе има специјални судови, акти, тоа е кривична материја, тоа е како квази држава. Во Македонија може да формираат финансиски зони но со посебен закон, вели професорката Гордана Силјановска.Дел од учесниците посочија дека токму финансиските зони клучниот амандман поради кој се отвора Уставот.
- Ова е клуччниот амандман и целта за уставните измени. Чудно е да се воведува ваква одредба со која државата си го одзема суверенитетот. Како е концепт го нема во ниту еден Устав.Во Уставот нема место за ваква одредба. Ова ќе ја отвори пандорината кутија и ќе нанесе последици врз правото, посочи професорката Рената Десковска.Ј.С.
Слично
