Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финансиската полиција не доделува уште еден истражител за СЈО

Финансиската полиција не доделува уште еден истражител за СЈО

Управата за финансиска полиција не му доделува уште еден истражител на Специјалното јавно обвинителство, кое е побарано уште пред неколку недели.

Откако директорот Александар Тргачевски му одговорил на СЈО дека нема услови таму да биде распореден уште еден финансов истражител, распоредил 12 истражители во Основното јавно обвинителство Скопје. Неофицијално, ако до утре СЈО не добие одговор за дополнителниот истражител, или ако одговорот биде негативен,  специјалната обвинителка Катица Јанева е подготвена да покрене дисциплинска постапка против директорот Тргачевски.

Дисциплинската постапка ќе биде поднесена до министерот за финансии,  Зоран Ставрески, под чија надлежност се наоѓаат Управата за финансиската полиција и директорот Тргачевски.

Слично

Поврзани вести