Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финансиската полиција ќе ги испитува трансферите на Мост на Блискиот Исток

Финансиската полиција ќе ги испитува трансферите на Мост на Блискиот Исток

Инспектори од финансиската полиција во невладината Мост, бараат документи кои се однесуваат на трансфери на поголеми суми на девизи, кои ги вршела организацијата на сметки на физички лица со сомнително потекло во земјите од Блискиот Исток.

Дарко Алексов од Мост вели дека организацијата со години професионално работи со и во разни држави од Европа и пошироко.

„Тоа што на таквите наши професионални ангажмани имаме ангажирано домашни и странски експерти  е точно и дека за таа нивна работа,секој,согласно договорот,добил адекватна компензација и надомест“- вели тој.

Од финансиската полиција соопштуваат  дека Мост одбива да им овозможи увид во потребната документација. Ако во најкраток рок на инспекторите не им биде овозможен увид во книговодството на организацијата, велат дека ќе ги применат инструментите што ги предвидува Законот за кривична постапка.

Алексов вели дека во разговор со инспекторите е договорено кои документи треба да се достават на проверка за неколку дена.

Слично

Поврзани вести