ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА: Уапсени газда и сметководител на градежна фирма
Сопственикот на градежната фирма Дора и неговиот сметководител се уапсени под сомнение за финансиски криминал тежок 430.000 евра. Сметководителот е управител на Друштвото за интелектуални услуги Дата-Ком ДОО извоз-увоз Скопје и тој се сомничи за помагање.
Во периодот од 2009-2014 година тие прикажале невистинити податоци во сметководствената евиденција во Дора ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, при што евидентирале фиктивни податоци за наводни набавки на стоки и услуги со вклучен ДДВ кои стоки никогаш не се набавени ниту платени. Врз тој основ неосновано е извршена одбивка на ДДВ и со тоа неосновано е намалена обврската за ДДВ во вкупен износ од 7.299.201,00 денари. Сметководителот, по налог на газдата, во книговодството на правниот субјект евидентирал непостоечки фактури од измислен коминтент Стојан Комерц, за кој органите утврдиле дека воопшто не постои.
На овој начин тие прикажале нереални расходи и при тоа затаиле данок на добивка во износ од 569.172,00 денари. Сопственикот на Дора вршел и продажба на трговски стоки во готово без за нив да има сметководствена евиденција. Вкупните штети нанесени на Буџетот се проценуваат на 26.481.690,00 денари.
Двајцата заработија по 30 дена притвор.
Слично
