Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Finance“: ЕЛЕМ наплати банкарска гаранција од словенечки РИКО во износ 5, 6 милиони евра! Рико најавува арбитража!

„Finance“: ЕЛЕМ наплати банкарска гаранција од словенечки РИКО во износ  5, 6 милиони евра! Рико најавува арбитража!

Словенечката банка NLB денеска од сметката на компанијата Рико на Јанез Шкрабец ќе симне 5,6 милиони евра откако македонската енергетска компанија ЕЛЕМ, одлучи  да ја наплати наплатува гаранцијата, на Словенечки Рико за изградбата на која е инвеститор на Хидроцентралата Св. Петка, пишува словенечки Финанце.

Директорот на Рико Јанез Шкрабец за Финанце вели „Гаранцијата е реализирана неосновано“. Тој додава и дека Рико ќе поведе правна  арбитражна постапка во која тоа и ќе го докаже. „Веруваме дека во рок од две години овие пари ќе ги добиеме назад заедно со каматите и наплата на штетите предизвикани од активирањето на гаранцијата“.

Електраната Св. Петка се наоѓа во близина на Скопје иредовно работи од 1.8.2012 година. Рико ја доби работата како главен изведувач во 2006-тата година на јавен тендер кој го распиша ЕЛЕМ, а на кој  учествуваа и компанијата Кончар и два кинески понудувачи. Договорената вредност на проектот беше 41 милион евра, а хидроцентралата требаше да биде изградена за 3 години. Рико го финансираше проектот, со кредит од американската банка Депфа, кој го гарантираше македонската држава. На крајот проектот чинеше 56 милиони евра. До зголемување на цената на проектот дојде поради непредвидени геолошки параметри на проектот, кои на почетокот не беа познати и како резултат на редизајн поради усогласување на македонското законодавство со европските регулативи. Елекраната има инсталирана моќност од вкупно 36 мегавати, а турбините беа изведени од компанијата Литострој, а почна да работи на 1-ви август 2012 година, кога беше издадена дозолата за работа.

Зошто настана проблем за ЕЛЕМ, по две ипол години?

Две ипол години подоцна, поточно на 12-ти март 2015 ЕЛЕМ испрати барање NLB да наплати гаранција во врска со изведбата на проектот. Рико е обвинет за пречекорување на рокот за изведба на проектот, за грешка во хидромеханичката опрема и поради нејзино неодстранување според прифатениот протоколот. Од ЕЛЕМ, кој го раководи Дејан Бошковски, ни рекоа: „Рико при изведбата на работите го надмина рокот за предавање за повеќе од 270 дена. Поради тоа за 10 % се намалува вредноста на проектот. И покрај тоа што беше неколку пати повикан, Рико не ги поправи грешките во опремата во гарантниот рок и поради тоа ја наплативме гаранцијата, која истекува во април“.

Наплата поради доцнење

Во Рико велат: „Кога добивме барање за дополнителни работи, преку предарбитражна постапка добивме зголемување на цената и ЕЛЕМ тоа го призна во висина од неколку милиони евра.Хидроцентралата почна со редовна работа на 1-ви август 2012 година,  а пробно и пред тоа. ЕЛЕМ го одложуваше преземањето на објектот по истекот на пробното работење. Документацијата за ова и ја испративме на банката во моментот на издавање на гаранцијата за изведба во декември 2012 година. На 5-ти февруари 2013 година ЕЛЕМ конечно ја презема хидроцентралата и тогаш, според македонскиот правен поредок, можеше да ги активира барањата за казни поради доцнењето, ако навистина дошло до тоа. Но, тоа не беше направено.

Литострој на отфрла тужбата

ЕЛЕМ бара исплата на гаранциите и заради хидромеханичките работи. Прашавме за кави грешки станува збор, бидејќи Турбоинститут минатата година потврди дека агрегатите односно турбините работат добро, што го потврди и ЕЛЕМ. Сепак во ЕЛЕМ не ни одговорија на ова прашање. Во Литострој пауер велат: „Нема причина за исплата на оваа гаранција. И двата агрегати добро работат, во согласност со сите стандарди и договорите. Правевме и дополнителни мерења во независни институции кои го потврдија ова. Кај сите турбини од типот „Франсис“ доаѓаа до вибрации кога тие се оптеретени до 40% до максималното оптеретување, но таа хидраулична појава е нормална и е предвидена со стандардот ИСО 10816-5.„. велат од компанијата за Финанце.

Рико има доволно капацитет

Во поглед на отстранување на грешките во гарантниот рок, во Рико велат: Овие грешки веќе сме ги отстраниле, а во врска со тоа како активирањето на гаранцијата од страна на ЕЛЕМ ќе се одрази на нас, сакаме да потенцираме дека Рико има капацитет и доволно резерви, па ова нема да влијае на нашето работење. Сметаме дека поради ова нашиот бонитет нема да се влоши. Согласно договорот Арбитражната постапка во вакви сутиациите треба да се води во Њујорк, ако не се договориме истата да се води во Европа. Без разлика каде ќе се води Арбитражната постапката, од Рико велат дека ќе докажат дека гаранцијата е активирана и наплатена без основа. Во текот на преговорите што е предвидено во протоколот, имавме забелешки од нивна страна дека доцниме со работите, за што бараа оштета од 1,5 милиони евра, како и штета поради проблем со турбините, исто така во висина од 1,5 милиони евра. Меѓутоа никогаш овие барања не надминуваа 3 милиони евра иако и овие бројки по нашите процени се неоправдани, вели Јанез Шкрабец, од Рико.

http://oe.finance.si/8820233/%C5%A0krabcu-makedonski-energetiki-izpulili-56-milijona-evrov

Слично

Поврзани вести