Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛМСКО БЕГСТВО: Србин успеа да се спаси од австриски затвор

ФИЛМСКО БЕГСТВО: Србин успеа да се спаси од австриски затвор

Светските медиуми пишуваат за бегството на српски државјанин кој од затвор во Австрија е пренесен во болница во Шердинг, од каде што скокнал низ прозорец.

Мажот на возраст од 43 години бил осуден за измама и требало да лежи во затвор до декември в година. Тој предизвикал тепачка со затворениците со кои ја делел ќелијата, по што добил повреди, а по бегството, учесниците во тепачката кажале дека тој сам се повредил.

По инцидентот во ќелијата, затвореникот е префрлен во болница во Шердинг, каде што му пристигнало семејството во посета. Се претпоставува дека тогаш неговиот син му подал мобилен тепефон, преку кој тој договорил бегство. Следниот ден затвореникот во болницата започнал да повраќа поради што чуварот го отворил прозорецот за да влезе свеж воздух во собата. Токму тоа и бил планот на затвореникот, кој скокнал на грејното тело на ѕидот и преку прозорецот излегол на улицата каде што со автомобил го пречекал син му.

На 20 километри оттаму полицијата го стопирала возилото, но во него го затекла само помагачот, а таткото избегал во непознат правец. Против синот е поднесена пријава за давање помош при бегство за што може да добие казна затвор до две години. 

Слично

Поврзани вести