Филмски рекорди во Битола пред почетокот на „Браќа Манаки“
Битола е подготвена за фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, објави ТВ Тера.
Годинешниот јубилеј на фестивалот ќе се одвива под слоганот „Кон ѕвездите“. Добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, а добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ е Англичанецот Крис Менџис.
„Овој фестивал е еден од ретките во светот кој ја вреднува естетиката на филмската камера во обликувањето на кинематографското дело. Низ годините, тој стекна бројни и искрени пријатели од сите сррани на светот и слободно може да кажеме дека „Браќа Манаки“ ужива репутација на еден од најуспешните фестивали“, рече Елизабета Канческа-Милевска, министерката за култура.
Таа потенцираше дека од 2008 година до денес во категориите долгомтержани, документарни, кратки и анимирнаи филмови се поддржани над 156 проекти кои учестувале на 616 меѓународни фестивали и освоиле 113 награди.
Борче Димитровски директор на Центарот за култура, каде ќе се одржува фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, го истакнува значењето на новата модерна опрема која беше монтирана во салата за проекции и рекордниот број на посетители на кино проекциите за 2014 година. Само во последните десет месеци 3Д киното го посетиле 30.000 посетители, што е своевиден рекорд
Слично
