ФИЛМСКИ КРАЖБИ ЗА НОВА ГОДИНА: Маж од Ниш „оперирал“ низ Скопје!
„Тешка кражба на особено дрзок начин“ и „тешка кражба во обид“ се две дела за кои се товари 44 годишен маж од Ниш .
Надлежните му одредија притвор од осум дена, а обвинетиот заедно со уште едно лице оперирале во скопската населба Карпош за време на новогодипната ноќ.
Првото дело „тешка кражба на особено дрзок начин“ го извршил заедно со Б.Н. Со погоден алат ја отклучиле влезната блиндор врата од стан и влегле во претсобјето каде што нашле женска чанта која ја зеле со себе. После тоа влегле во спалната соба, каде спиеле спиеле оштетените. Оттаму земале машка јакна а оштететени кои спиеле црвсто не ги забележане и излегле од станот.
Во јакната крадците не нашле ништо, а од женската чанта во паричник нашле 1100 денари, а јакната и чантата повторно ги вратиле во претсобјето на станот и заминале.Второто дело „тешка кражба во обид“ го сториле неуспешно.
Двете лица дошле до влезната блиндор врата од соседниот стан и со употреба на погоден алат се обиделе да ја отворат бравата но од нејзината внатрешна страна имало клуч па неуспеале во замислата и заминале од местото на настанот.
