Филмски грабеж среде бел ден во Велес
Двајца разбојници среде бел ден, со оружје ограбиле автомобил во движење кој превезувал пари.
Непознатите напаѓачи, на најфреквентната улица во Велес, „Алексо Демниевски-Бауман“, пред Пензионерскиот дом со закана со оружје извршиле разбојништво и кражба.
Тие ги нападнале и уцениле вработените во „Перпетум Мобиле“ кои вршеле достава на парите. Маскираните напаѓачи му впериле пиштол на возачот, ги искршиле задните стакла на автомобилот и ги собрале кутиите со пари.
Потоа разбојниците избегале преку платото на спортската сала „Гемиџии“ и паркот .
Таму имало паркирано возило комбе со кое имале намера да избегаат по патот пред зградата на ЈКП „Дервен“ кон патот за Скопје преку Башино село.
Во централниот градски парк во Велес тие се обиделе да се скријат во напуштена куќа веднаш под градскиот базен. Таму ги пронашле полицајците која ги привела, а на местото ги пронашла и украдените пари.
Според сведоците кои ги виделе уапсените, сметаат дека станува збор за лица кои не се од Велес. Од полицијата потврдуваат дека се случило разбојништво и дека се фатени две лица.
