Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПИНЦИ, ИНДИЈЦИ, КОСОВЦИ: Колку странци работат во Албанија?

ФИЛИПИНЦИ, ИНДИЈЦИ, КОСОВЦИ: Колку странци работат во Албанија?

Официјално 13.000 странци се вработени во Албанија, претежно во услугите и лесната индустрија, а неофицијално ги има многу повеќе. 

Директорката за услуги на пазарот на трудот во Националната агенција за вработување и вештини, Гертиола Чепани, за медиумите изјави дека постојано се зголемува бројот на странци вработени во оваа земја.

„Албанија се смета за една од земјите со економски развој и интересот на странците за работа во нашата земја се зголемува. Според официјалните податоци, крајот на 2024 година заврши со 13 илјади странци кои работат во Албанија“, рече Чепани.

Во меѓувреме, претпријатијата кои бараат повеќе работници се зголемува и се од различни сектори.

„Најзначајни се претпријатијата кои ја прошируваат својата дејност во сектори како што се сместување и угостителство, градежништво, трговија на големо и мало, преработувачка индустрија и други. Најбарани профили се шанкери, келнери, готвачи или помошници готвачи, или професии поврзани со ниско или средно ниво на образование“, изјави таа.

Додаде дека странските државјани кои доаѓаат да работат во Албанија се од различни земји, меѓу кои се Турција, Италија, Косово, Филипините и Индија, оценувајќи дека двете услуги што се нудат на платформата „е-Албанија“ за пакетот „Единствена дозвола“ им го олеснила на бизнисите пополнувањето на документацијата.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести