Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче го прифати повикот на Димитриеска-Кочоска, но има услов

Филипче го прифати повикот на Димитриеска-Кочоска, но има услов

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го прифати повикот на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска за средба, но бара дебата пред камери и со медиуми. 

Филипче побара средбата да биде целосно отворена за јавноста и на неа да присуствуваат медиумите. Ваквата реакција следи по јавната покана на министерката до економскиот тим на опозицијата со цел да се соочат економските аргументи.

Филипче, преку објава на неговиот профил на Икс, нагласи дека опозицијата е подготвена за директно соочување, но инсистира на целосна транспарентност пред граѓаните.

„Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери. Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните. Нека ни објасни како 1+2=5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата“, напиша лидерот на СДСМ.


Според Филипче, јавноста мора да ја дознае вистината за состојбата со јавните финансии, обвинувајќи ја власта дека бара „ново алиби за катастрофалното водење на финансиите“.

Инаку, министерката им забележа дека имале хистерични прес-конференции и затоа ги повика на средба. Таа рече дека власта не се задолжува за луксуз. 

Слично

Поврзани вести