Филип Рикер се сретна со Ѓорге Иванов
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во својот кабинет имаше средба со заменик помошникот државен секретар на САД задолжен за европски прашања, Филип Рикер, кој веќе
Причина за посетата на Рикер на земјава е конференцијата на министрите за надворешни работи од Јадранската група.
Иако по средбата со Иванов немаше изјави за јавноста, сепак се очекува експертската комисија која има за цел да ги расветли настаните од 24 декември, договорот од 1 март и напредокот кон ЕУ, да се во фокусот на разговорот.
Ова е втор ден од посетата на Рикер. Тој вчера се сретна со градоначалникот на Тетово, Теута Арифи.
Со неа разговарале за политичките случувања, регионалните процеси на соработка и интеграција на земјите од Западен Балкан во евроатлантските структури и поддршката на САД за демократските процеси.
Слично
