Филип Морис го чешла работењето на Тутунскиот комбинат во Прилеп, планови до година
Се подобруваат состојбите во тутунскиот комбинат во Прилеп по најавата за стратегиско партнерство со светски познатиот производител на цигари „Филип Морис“. Ова е ставот на генералниот директор на комбинатот, Александар Дерменџиев кој вчера му го соопшти на прилепскиот градоначалник, Марјан Ристевски. Според Дерменџиев, технолози, инженери и правници на „Филип Морис“ ги разгледуваат состојбите со прилепскиот загубар, по што ќе биде направен финансискииот, технолошкиот и правниот плаn.
И покрај најавите за стратегиското партнерство со Филис Морис во Прилеп, во тајност се чувааат аспектите на договорот кој треба да се реализира на почетокот на идната година.
„Со стратегиското партнерство со „Филип Морис“ се движиме кон крајно решавање на состојбите. Договорот ќе помогне до 2015 година комбинатот да дојде до позитивна нула. Инаку, годинава ќе ја завршиме со проектираните загуби“, рече Дерменџиев.
Според Дерменџиев, комбинатот подготвен за раниот откуп на тутун во кутии од први октомври,а започнало и делењето картонска амбалажа.
„Комбинатот има пари да го исплати целиот планиран род од 3.000 тони тутун“, тврди директорот на комбинатот.
Тутунскиот комбинат e државна фирма, вработува над 1.000 лица, а се очекува и оваа година да ја заврши со загуба.
Слично
