Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филе: Време да направиме нешто во врска со името

Филе: Време да направиме нешто во врска со името
Сите држави од регионот на Западен Балкан треба да продолжат одлучно да работат и да се движат кон ЕУ.Ова го побара европскиот комесар за проширување Штефан Филе пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Тој изјави дека процесот на проширување нема да биде завршен ако сите земји од регионот не ги искористат придобивките од Обединета Европа. Во делот за Македонија, Филе пред европратениците инсистираше на потребата од целосно спроведување на договорот од март за разјаснување на настаните по 24 декември и рече дека очекува комисијата да си ја заврши работата. Но кога Филе почна да говори за европските перспективи на Македонија, предизвика смеа кај присутните на состанокот на Комисијата за надворешни работи на ЕП, откако наместо  „поранешната југословенска Република Македонија“,  ја нарече земјата „поранешна југословенска република Југославија“. „Мислам дека е време да направиме нешто во врска со прашањето за името. Време е за тоа, време е за тоа“, рече Филе.
Слично

Поврзани вести