Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филе во Македонија, имал „корисни разговори“ со политичките лидери

Филе во Македонија, имал „корисни разговори“ со политичките лидери

На денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, се разговарало за претстојниот извештај на ЕК, за напредокот на  Македонија, чекорите во процесот на преговори во рамките на дијалогот на високо ниво и обидите за надминување на настанатата политичка ситуација, пренесе МИА повикувајќи се на извори од Кабинетот на шефот на државата.

Иванов и Филе се согласиле  дека низ отворен и искрен дијалог политичките актери треба да најдат излез од настанатата состојба, а во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Инаку Филе пристигна во ненајавена посета на земјава, за која тој на својот твитер профил напиша попладнето, откако завршил со средбите во земјава. Според напишаното , тој се сретнал со претседателот Иванов, премиерот Груевски и лидерот на опозицијата Црвенковски, со кои имал корисни разговори. Индикативно е тоа што посетата на еврокомесарот доаѓа само еден ден по неуспешната лидерска средба меѓу Груевски и Црвенковски.
Слично

Поврзани вести