Филе во Белград: Клучен период за односите меѓу Србија и ЕУ
Србија направи голем напредок на патот кон интергирањето во Европската унија, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој денеска престојува во посета на Белград. Филе оствари средба со српскиот претседател Томислав Николиќ и со новиот српски премиер Александар Вучиќ.
Тој нагласи дека Брисел го поддржува европскиот пат на Србија, а на тој пат се важни три приоритети: економско заздравување на земјата и реформир, воведување на владеење на правото и нормализација на односите со Приштина.
„Пред неколку дена ја одбележавме 10-годишнината од најголемото проширување на ЕУ. Европските интеграции за Србија во 2004 година изгледаа како далечна иднина, а денес тоа е очигледна извесност. Уверен сум дека Србија има способност таа можност да ја претвори во стварност“, нагласи Филе.
Тој нагласи дека ова е клучен период за односите меѓу Белград и Брисел и важно поглавје во современата историја на Србија, а споре еврокомесарот, „охрабрувачки е што граѓаните на избори недвосмислено ги поддржале партиите кои се определени кон ЕУ“.
Филе е вториот висок претставник на Европската унија кој ја посети Србија една недела по фромирањето на новата српска Влада. Пред него, поддршка за реформскиот курс на Владата и за европскиот пат на Србија даде и високата европска претставничка за заедничка безбедносна и надворешна политика Кетрин Ештон.

Слично
