Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филе порача политичките субјекти да се фокусираат на евроинтеграцијата

Филе порача политичките субјекти да се фокусираат на евроинтеграцијата

И покрај настаните од 24 декември, Македонија постигна напредок во реформите кои се во согласност со целите на пристапниот дијалог на високо ниво. Сега е најважно да се формира Анкетната комисија која ќе ги расчисти настаните од 24 декември, а партиите да потпишат меморандум за посветеност кон евроинтеграциските процеси.

Ова го порача, меѓу другото, еврокомесарот за проширување Штефан Филе во обраќањето пред Националниот совет за евроинтеграции.

Од суштинско значење е, рече Филе, Владата да го продолжи дијалогот со новинарите. Ова, според него, е клучен период за земјата пред претстојниот извештај на ЕК.

Во врска со локалните избори оцени дека тие биле добро организирани, слободни и компетитивни, но има забелешки за користење на државни ресурси во кампањата и за известувањето на медиумите.

Еврокомесарот за прширување Штефан Филе кој дојде во Скопје заради финализирање на пролетниот извештај на ЕК за Македонија, денеска треба да се сретне со премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. Во Владата ќе се одржи нова рунда од пристапниот дијалог на високо ниво.

Филе претходно имаше средба и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски

Слично

Поврзани вести