Филе: Добивањето датум за преговори сега зависи од Македонија
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе е разочаран од сеуште невоспоставената Комисија за настаните од 24 декември, се надевам дека предлогот на Нимиц ќе даде резултат, а добивањето датум за преговори вели дека сега зависи од Скопје. Ова тој го изјави во интервју за Радио Слободна Европа во кое повтори дека сега топката е во наши раце.
„Ние направивме сè за да ги подржиме овие процеси“, истакна Филе кој додава дека Дијалогот на високо ниво, кој почна минататата година и донесе добри резултати со учество на премиерот и владата во реформскиот процес, бидејки земјата се врати на европската агенда .
„Јас сум пред сè загрижен што овој договор сè уште не е целосно имплементиран. Клучен елемент е Комисијата која треба да го истражи настанот. И кога тоа сè уште го нема јас се прашувам себе си што тоа говори за силата на демократските институции во таа земја.“изјавува еврокомесарот.
Во врска со македонско–грчките преговори, можниот напредок во добрососедските односи и добивањето датум за преговори, еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе изјави дека истовремено се гледа интензивирање на процесот на решавањето на прашањето за името на земјата.
„Јас многу се надевам дека актуелниот предлог на господин Нимиц, кој е претставник на генералниот секретар на ОН во процесот кој го води Светската органзиација, ќе донесе некакви резултати во овој краток период.“, вели тој за Радиото.
Слично
