ФИЈАСКОТО НА „КАРФУР“: Зошто грчките газди основале нова компанија во Скопје?
По четири години Карфур се затвори, но проблемите за домашните стопанственици допрва се отвораат поради долговите што им ги остави.
Карфур е во сопственост на грчка компанија. Но, она што е интересно е дека истата грчка компанија, што го поседува сега веќе затворениот супермаркет Карфур во Скопје, минатата година, отворила друга компанија во земјава и тоа токму во периодот кога наголемо се зборуваше дека супермаркетот се затвора. И во двете фирми во Скопје, што ги отворила грчката компанија, како управител се јавува истото лице.
Еве како изгледа сопственичката структура на Карфур...
Грчката компанија ЦМБ Балканс Б.М на крајот на 2011 година отвора фирма во Скопје под назив ЦМБ Балканс, која го поседува супермаркетот Карфур. Како управители се јавуваат Леонидас Маринопулос и Георгиос Вогиатзакис.
Истата грчката компанијата ЦМ Балканс Б.В на 28, септември 2015 отвора нова фирма во Скопје, под името ЦМБ Сервицес. И таму како управител се јавува лицето Георгиос Вогиатзакис.
Новата фирма се отвора токму во времето кога наголемо почна да се зборува за затворање на супермаркетот Карфур.
КАРФУР книжел загуби изминатите години
Според податоците на Фактор, Карфур последните неколку години прикажувал загуби. Односно, во 2014 загубата била еден милион евра, а во 2013 година загубата била два милиони евра.
Карфур, како што објавивме пропадна со големи долгови кон македонските компании, кои според некои медиуми се бројат и над 10 милиони евра.
ДОСИЕ КАРФУР: Tрговските гиганти во битка за грандиозниот простор во „Скопје Сити Мол“!
Компанијата исто така должела и кон банките кои ги активирале своите хипотеки. Стопанските комори побараа Владата да се вклучи во случајот преку своите институции.
С.Н.

Слично