ФИЈАСКО ВО ПРЕГОВОРИТЕ: Груевски со Ахмети и Тачи против Заев, Хан разочаран!
Еврокомесарот Хан смета дека Македонија се наоѓа во тешка состојба, и дека сите чинители на полиитчката сцена треба да бидат многу поодговорни. Тој гу уверувал партиите дека ќе помогнат во спроведување на фер избори. Не кажа дали постојат такви гаранции, но Хан потенцираше дека е загрозена евроатлантската иднина на земјата.
-Денеска сфатив дека не е можно да се постигне договор помеѓу сите политчки партии за одржување на избори на 24 април. Очекувам сите политички партии да се држат до договорот потпишан на 2 јуни/15 јули.
Сакам да го уверам секој граѓанин дека без разлика што ќе биде конечната одлука на политичките партии кога да биде датумот за предвремени избори ние ќе помогнме во организацијата и дека ќе ја надледуваме ситуацијата за време на изборите , изјави Хан кој најави дека повторно ќе дојде во Македонија.
Сепак посредникот во Македонија Ванхауте вели дека преговорите ќе продолжат.
-Во следните недели ќе продолжиме да се обидеме да работиме, особено на приоритетните проблеми. Ќе дадеме се од себе за да достигнеме договор за овие проблеми, рече Ванхауте.
Заев по преговорите беше дециден дека без фер регулација на медиумите и прочистување на списокот тие нема да одат на избори.
-За нас не се прифатливи избори без навремена регулација на медиумите и и без навремено прочистување на Избирачкиот список. Ако се одржат избори на 24 април, ние на такви избори нема да учествуваме, а ќе продолжиме да се бориме за фер, регуларни и демократски услови за одржување избори. Ќе продолжиме да се бориме за слободна и демократска Македонија. Пропаднаа преговорите, нема договор, изјави Заев.
Премиерот Груевски ова го оцени како обид за избегнување од изборите, иако како што рече три од четворицата лидери биле за избори.
-Неговите зборови беа само за одложување на изборите, без никакви аргументи, тој добро знае дека избирачкиот список се проверува за неколку дена, добро знае и дека она што го бара во законот за медиуми го нема во инту една земја. Но, тоа го бара за да ја продолжи кризата во Македонија, зашто само во криза е актуелен и верува дека ќе му донесе политички поени, рече Груевски.
Слично
