Фида е уверен – кампањата за привлекување странски инвестиции дава резултати
Кампањата „Invest in Macedonia“ дала позитивни и видливи резултати, смета директорот на Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида.
-Ефектот на кампањата е да ја промовира Македонија низ светот и благодарение на оваа кампања Македонија стана повидлива во бизнис секторот, додаде Фида.
Тој денеска потпиша меморандум за соработка со новоименуваниот претседател на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија, Хуан Педро Иманез Наваро.
Наваро истакна дека како нов претседател ќе ја прошири работата со состаноци во другите градови низ Македонија со цел Советот на странски инвеститори да добие подобра слика за тоа што мислат нивните партнери кои работат на територијата на цела Македонија.
-Меморандумот за соработка со Агенцијата за инвестиции е многу важен чекор и се надеваме дека со тоа ќе ја подобриме комуникацијата со владините институции и ќе ја подобриме нашата координација при изведување на заеднички активности, насочени кон заедничка соработка во развивањето на деловниот сектор, потенцираше Наваро, кој додаде дека една од нивните цели е завршување на Белата книга која ќе биде презентирана годинава.
Слично
