Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фич“ за еден степен го крена рејтингот на Грција

„Фич“ за еден степен го крена рејтингот на Грција

Меѓународната бонитетна агенција „Фич“ за еден степен, на -Б, го окрена долгорочниот кредитен рејтинг на Грција, бидејќи, според проценка на агенцијата, на Атини веќе не и се заканува банкрот.

„Фич“ наведува дека рејтингот на Грција е зголемен поради напредокот на оваа земја во избалансираноста на јавните финансии и подобрување на трговската конкурентност, пренесуваат француските медиуми.

Во тек е ребаланс на грчката економија, остварен е јасен напредок кон елиминирање на буџетскиот и платнобилансен дефицит, наведуваат француските медиуми, додавајќи дека прогнозата на грчкиот рејтинг е стабилна.

Слично

Поврзани вести