Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЧ предупредува на ризик: Се ова е поради Брегзит …

ФИЧ предупредува на ризик: Се ова е поради Брегзит …

Брегзит и невозможноста за пристап на пазарите на Европската унија би можеле да го влошат дефицитот на тековните плаќања на Обединетото Кралство кој е веќе близу до рекорд.

„Долгорочно гледано, можно е Обединетото Кралство да го задржи пристапот на пазарите на ЕУ и статусот на глобален финансиски центар“, се наведува во електронскиот допис на директорот на њујоршката кредитна агенција ФИЧ, Џејмс Мекрома.

Според тоа сценарио, идниот биланс на тековни плаќања во Британија не би предизвикало загриженост, рекол тој.

„Сепак, помалку поволно сценарио предвидува дека Обединетото Кралство ќе остане без пристап до ЕУ и неговата намалена улога во глобалните финансии. Директните инвестиции би можеле да запрат, а дефицитот на тековните плаќања би бил финансиран пред се од надворешно задолжување. Зголемувањето на надворешниот долг не би донело позитивен развој на ситуацијата“, истакнува Мекормак.

Дефицитот на тековните плаќња во Британија во првото овогодишно тромесечие изнесувало 32,6 милијарди фунти (44 милијарди долари) или 6,9 отсто од БДП, што е благо под рекордните 7,2 отсто од БДП од претходните три месеци.

Слично

Поврзани вести