Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фич“: Македонија е финасиски стабилна

„Фич“: Македонија е финасиски стабилна
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ ја потврди фискалната стабилност на Македонија и го задржа кредитниот рејтинг на земјата на стабилен „ББ+“. Според „Фич“, растот на македонската економија оваа година, благодарение на одличните резултати во градежништвото, ќе биде 2,7 отсто. За 2014 и 2015 година, тие предвидуваат поинтензивен раст како резултат на зголемувањето на извозот и капиталните инвестиции на Владата. Исто така, агенцијата ги нотира и странските инвестиции во технолошко индустриските зони како важен контрибутор во трговското салдо во земјава, кои сега учествуваат со една петина во вкупниот извоз. Kредитната агенција „Фич“ на среден  оценува дека Владата ќе ги исполни целите кои ги има дадено во фискалната стратегија, односно дека буџетскиот дефицит ќе биде во утврдените рамки од 2,6 отсто од БДП до 2016 година. Исто така, според прогнозите на „Фич“, Европската Унија - најголемиот трговски партнер на Македонија, постепено ќе закрепнува од економската криза, што ќе влијае позитивно на трговскиот биланс на земјава. Македонија не e погодена од големи надворешни нерамнотежи, со дефицит на тековната сметка кој се превидува дека ќе остане во голема мера стабилен вопериод од 2013 до 2015 година под четири отсто од БДП. Според „Фич“  стабилниот банкарски сектор не претставува значаен ризик, а истиот е добро капитализиран преку силна адеквантност на капиталот на банките. Успешно диверзификација на домашната економија, која води кон посилен, одржлив економски раст и продолжување на подобрувањето на пазарот на трудот за „Фич“ претставуваат солидна база за долгорочен економски раст на земјата.
Слично

Поврзани вести