Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија: Предвидува и економски раст од 3,9 проценти во 2021 и 4,3 проценти во 2022 година

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија: Предвидува и економски раст од 3,9 проценти во 2021 и 4,3 проценти во 2022 година

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на „ББ +“, со негативен изглед. Како што нотира агенцијата, рејтингот на РС Македонија е поддржан од доброто владеење, позитивната бизнис клима, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс. 

Aгенцијата предвидува годинава да се постигне економски раст од 3,9 проценти, и 4,3 проценти во 2022 година, при што истиот главно ќе зависи од пандемијата во РС Македонија и главните извозни пазари. 

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во една земја, и е еден од клучните индикатори кои потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Оценките на кредитните агенции влијаат на одлуката на инвеститори кои размислуваат за инвестирање во регионот. Кредитниот рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што понатаму уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати. 

Агенцијата во својот извештај воедно нотира дека конкурентните трошоци за работна сила и покрај зголемувањето на платите, како и добрите владини политики насочени кон привлекување на странките директни инвестиции и прогресот на преговорите за членство во ЕУ исто може да придонесе за подобрување на изгледите за привлекување странски директни инвестиции. 

Потврдата на кредитниот рејтинг на државите во време на пандемија исто така влијае и на  намалување на трошоците за долгот на државата, со што се постигнуваат заштеди во каматите. 


Слично

Поврзани вести