Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фич го намали кредитниот рејтинг на Хрватска

Фич го намали кредитниот рејтинг на Хрватска
Меѓународната  рејтинг агенција Фич денеска го намали кредитниот рејтинг на Хрватска за еден степен. Сега Хрватска наместо БББ-  има шпекулативен рејтинг  ББ+. Од Фич посочуваат дека ова е сторено поради влошување на буџетските перспективи и пад на економијата, која според агенцијата годинава ќе се намали за 0,9 проценти, наспроти предвидувањата претходниот период за раст од 0,3 отсто. Хрватската економија се наоѓа во рецесија или во стагнација веќе четири години. Аналитичарите предвидуваат за оваа година пад на БДП за 0,4 проценти.Фич очекува државниот долг на земјата да скокне до 66 отсто од БДП-то во 2016 година, наспроти очекуваните 62%.
Слично

Поврзани вести