Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фич: Банките засега се стабилни, но будно се следи состојбата

Фич: Банките засега се стабилни, но будно се следи состојбата

Перспективата за банките во Централна и Источна Европа за 2013 година е генерално стабилна, соопшти меѓународната рејтинг агенција „Фич“ , но и натаму изразува песимизам во однос на кризата во еврозоната, која води до забавување на растот и влошување на квалитетот на активите.

Според Агенцијата, биланост на ризиците останува негативен во Словенија и Унгарија. Неповолни тенденции и натаму има во Бугарија, Романија и Хрватска, што значи дека банките имаат помала флексибилност да издржат евентуални удари. За банките во Полска, Чешка и Словачка стабилната перспектива доведува до подобар квалитет на активите, финансирањето и крајните резултати.

Следната година се очекува да продолжи бавниот раст на кредитирањето, а бавното обновување на економиите во еврозоната води по послаби атрактивни можности за кредитирање во Централна и Источна Европа и помалку барања за кредити, велат од Фич.

Според прогнозите на агенцијата следната година трошоците за девалвација на активите најверојатно ќе останат високи, а квалитетот на активите во поголем дел од банкарскиот сектор во Централна и Источна Европа ќе продолжи да се влошува.

Слично

Поврзани вести