ФИБУЛА на 20 годишниот јубилеј ќе ги претстави можностите на македонскиот туризам пред земји од регионот
Пред повеќе од петстотини гости, претставници на националните канцеларии на Фибула Груп од шест земји, Фибула Турција, Фибула Босна и Херцеговина, Фибула Македонија, Фибула Косово, Фибула Романија и Фибула Србија, како и партнерските тур-оператори од регионот, ќе бидат презентирани можностите на македонскиот влезен туризам.
За туристичките капацитети на земјата и перспективите, пред гостите ќе говорат претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. На присутните тур-оператори од Балканот ќе им бидат презентирани локалитетите и занимливостите во земјата, од областите на традиционалниот и алтернативен туризам.
Собирот на туристичката мрежа на Фибула Група, ќе се одвива на 3ти и 4ти април, во хотелот Изгрев во Струга, кој во 2014 година беше комплетно реновиран во хотел со 5 ѕвезди, како целосна и самостојна инвестиција на Фибула Групата. На настанот воедно ќе биде одбележано и 20-годишното постоење и унапредување на туризмот на Фибула во регионот.
Фибула е основана во 1995 година, со седиште во Анталија. Веќе во 1998 година, генералниот менаџер, г-дин Ајхан Мавису ја проширува мрежата на Фибула во земјите на Балканот, а од 1999 година вклучувајќи ја и Македонија. Работејќи како туристички оператор во земјите од регионот веќе 20 години, со повеќе од 150 вработени, Фибула во моментов е најголемата туристичка мрежа на Балканот.

