Фиат се сели во Детроит?
Италијанскиот автомобилски гигант Фиат, размислува да се пресели во Детроит, откако ќе се спои со Крајслер, објави Блумберг.
Таквиот потез би можел додатно да го зајакне Детроит, а заснован е на тоа и дека пазарот за автомобили во САД, продажбата од неодамна зајакна.
Извршниот директор на Фиат, Серџо Маркионе размислува за преселба од Торино, каде Фиат е основан во 1899 година, во САД, изјавија за Блумберг три лица од компанијата кои се упатени во овие планови. Ова ќе влијае на јакнење на автомобилски сектор во САД чие седиште е во Детроит.
Главните извори на приход и профит од најголемиот италијански произведувач на автомобили доаѓаат од Северна Америка. Имено, 75% од оперативниот профит остварен во 2012 година доаѓа од овој регион.
Конечна одлука сеуште нема, а се разгледуваат и други опции за идното седиште на компанијата, велат изворите на Блумберг. Маркионе минатиот месец ијзави дека би сакал Фиат примарно да биде листиран на берзата во Њујорк.
Преселбата на штабот на Фиат од Торино може да предизвика и политичка реакција во презадолжената Италија, каде индустрискиот сектор е во континуиран пад.

Слично