Сообраќајна незгода утрово се случила во Струмица во која учествувал автомобилот на опозицискиот лидер Зоран Заев.
Имено, незгодата се случила на раскрсницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство и единство“, кога „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М. (25) од Радовиш и удрило во„аудито“на лидерот на опозицијата Зоран Заев околу девет часот удрил.
Во автомобилот се наоѓале возачот на возилото на Заев, сопругата на возачот и уште двајца сопатници кои се здобиле со полесни телесни повреди.
Извршен е увид на лице место, а сите повредени се пренесени во Медицински центар во Струмица за укажување помош.
После сообраќајната незгода во медиумите шират разни шпекулации дека ова се случува после најавите на Заев за големиот протестен собир закажан за 17 мај.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, па останува да чекаме нивно официјално излагање .