Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фиат Крајслер го забрзува одвојувањето на бизнисот со автомобилски компоненти

Фиат Крајслер го забрзува одвојувањето на бизнисот со автомобилски компоненти

Fiat Chrysler Automobiles NV ќе го забрза одделувањето на бизнисот со автомобилски компоненти, објави Блумберг.

"Има некои активности во компанијата, кои не се дел од бизнисот со автомобили, групата треба да се исчисти од овие средства", коментира извршниот директор Серџо Маркионе пред Bloomberg News.

Маркионе додава не добил понуда за Fiat Chrysler, како што беше објавено во претходните недели.

Шефот на автомобилскиот концерт подготвува во моментов конечен петгодишен бизнис план пред да замине од автомобилскиот производител во 2019 година. Тој признава дека може да се дојде и до подлабоки промени, со оглед на одделувањето на некои единици од компанијата.

Компанијата сака да елиминира до крајот на следната година 4,2 милијарди евра долг како дел од плановите да реализира барем 4,7 милијарди евра приспособена нето добивка. Серџо Маркионе долго време се расправал за консолидацијата на бизнис, тврдејќи дека индустријата губи пари за развој на истите технологии.

Fiat Chrysler размислуваше за различни опции за реструктуирање, вклучувајќи го отцепувањето на производството на автомобилски компоненти и марките Maserati и Alfa Romeo. Операциите на луксузни автомобили може да чинат до 7 милијарди евра, додека други средства се проценуваат на околу 5 милијарди евра, велат аналитичарите.

Според Серџо Маркионе, сепак, Maserati и Alfa Romeo се "премногу незрели" за да се раздвојат во посебни единици. Двата бренда можат да станат независни компании само кога ќе станат доволно силни и ќе почнат да носат доволно пари, вели тој.

Слично

Поврзани вести