Fiat justitia et pereat mundus: “Нека има правда, па макар и целиот свет да исчезне!”
Протестите на граѓаните кои неколку дена му даваат поддршка на Специјалното јавно обвинителство и бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и од Никола Груевски, кој како што велат стои зад одлуките за помилување на лица осомничени за криминали, од ден во ден стануваат се помасовни. Во реката народ многубројни се млади лица, студенти, граѓански активисти. Револтирани се велат од игнорантскиот однос на власта, но и од противправната, бесмислена, нелогична, а во својата суштина и криминално-заштитничка одлука на претседателот, кој велат своеволно, злоупотребувајќи го своето овластување одлучи да помилува, односно аболицира огромен број лица.
Состојбата е крајно алармантна - вели за Фактор граѓанскиот активист Константин Битраков кој секојдневно е на протестите. Како дипломиран правник кој доаѓа од редовите на Правниот факултет во Скопје, смета дека младите веднаш го препознале лицемерието на носителите на власт, кои очевидно се подготвени да сторат било што со цел да не сносат одговорност за нивните злодела.
“Потврда за оваа констатација е огромната бројка на млади луѓе кои секојдневно маршираат низ улиците, ревносно борејќи се за правда и владеење на правото во Република Македонија. Наша граѓанска должност е да се бориме за подобра иднина.Ги повикува сите слободоумни, демократски-ориентирани граѓани јавно да ги искажат своите заложби за подобра иднина, онаква во која вакви помилувања и аболиции ќе бидат незамисливи, а полициските службеници ќе постапуваат спрема граѓаните согласно законските и останатите правни норми, грижејќи се за нивниот добробит пред сè”- потенцира Битраков.
Реакциите на младите очекува да бидат онакви какви што се и досега – искрени, разумни и прогресивни, а револтот да се изрази на достоинствен и мирен начин. Иднината на земјава вели не засега сите најнепосредно, а постапките како оваа на претседателот ги уништува сите шанси за негување на демократски вредности и развој на здраво ткиво во општествените односи во земјата.
“Граѓаните на сосема мирен начин го изразуваат својот револт во однос на противправната, бесмислена, нелогична, а во својата суштина и криминално-заштитничка одлука на претседателот. Таквиот чекор, сосема очекувано, буди гнев кај секоја свесна индивидуа, која одлучила да учествува во борбата за подобра иднина на граѓаните на Македонија. Токму такви индивидуи беа сите оние кои беа приведени. Студентите кои беа лишени од слобода беа невини. Потврда за тоа е и нивното ослободување без да биде поведена било каква постапка против нив. Поради тоа, лишувањето од слобода на овие студенти заслужува најстрога осуда и е причина за протест само по себе”-потенцира граѓанскиот активист.
Освен чинот на лишување од слобода на невини студенти сам по себе, причина за протест според него е и односот на полициските службеници кон нив.
“Имено, тие приведуваа по сосема случаен избор, нанесувајќи повреди со употреба на прекумерна сила. Исто така, студентите кои беа приведени, а имаа физички повреди чекаа цели неколку часа да добијат медицинска помош. За крај, нужно да се истакне е дека нивните бранители, сосема спротивно на кривично-процесните правила, цели неколку часа чекаа да добијат „дозвола“ да ги видат приведените”-додава Битраков.
Еминентни правници, претставници на правната теорија и практика веќе јавно го искажаа своето гледиште во врска со помилувањата -аболициите. Станува збор, нагласува Битраков, за досега неосведочен апсурд, кој е убеден дека ниту еден правник не можеше да го замисли. Едноставно, вели правните правила ја изгубија својата суштина, а целта поради која тие биле пропишани е целосно извитоперена при нивното толкување од власта.
“Иднината, како што веќе напоменав, не е светла. А, решението сме ние – граѓаните. Ние сме оние кои треба до крај да тежнеат да се врати значењето на правните норми и правдата да биде спроведена. Во спротивно, би можеле да се помириме со фактот дека ќе живееме во ориентално – деспотска држава”- порачува активистот Константин Битраков.
С.Б.

Слично