Економија, финансии, бизнис

Контакт

Февруари поевтин од јануари, ама поскап од лани

Февруари поевтин од јануари, ама поскап од лани
По јануарски празнични трошења, и статистиката регистрира мал пад на цените во февруари. Индексот на трошоците на животот во февруари се намалил за 0,1%, а цените на мало се намалиле за 0,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Намалувањето на индексот на трошоците на животот е резултат на пониските индекси на шеќерот за 1,9%, мастите за 1,6%, овошјето за 0,8%, месото и замрзнатиот зеленчук за 0,7% и преработките од млеко за 0,4%. Но во февруари поевтиниле и авионските билети за 9,3%, информатичката опрема за 8,5%, гасот за домаќинстата за 7,6%, течните горива и мазива за 1%, течните горива за домаќинствата за 0,9%, апаратите за домаќинствата за 0,8% и обувките за 0,7%. Во однос на јануари, во февруари се зголемиле цените на конзервираното овошје за 2,1%, зеленчукот за 1,6%, мармаладите и чоколадните производи за 0,7%, рибата за 0,6%, алкохолни пијалаци за 0,5%, лебот и житариците, сувомеснатите производи и преработките од зеленчук за 0,4%, свежото млеко за 0,3%, тестенините и др. прехранбени производи за 0,2%. Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите во патниот сообраќај за 3,3%, телефонските и факс апарати и услуги за 0,9%, мебелот за 0,4% и фармацевтските производи за 0,2%. Сепак, иако поевтин од јануари, овој февруари е поскап од ланскиот. Така во февруари 2014 во споредба со февруари 2013 година индексот на трошоците за живот се зголемил за 0,6%, а индексот на цени на мало пораснал за 0,4%.
Слично

Поврзани вести