Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фестивалот „Браќа Манаки“ со хуманитарна улога

Фестивалот „Браќа Манаки“ со хуманитарна улога
Годинава по четврти пат за време на траењето на фестивалот „Браќа Манаки“ се организира хуманитарната акција со која се собираат средства преку продажба на фестивалски материјали и предмети. Досега во оваа акција е собран одреден фонд кој на крајот од Фестивалот ќе биде дониран онаму каде што е најпотребно. Освен тоа, Фестивалот од годинава почна и кампања на вклучување на лицата со Даунов синдром во рамки на фестивалот, а во корелација со организацијата „Даунов центар“ од Скопје и огранокот во Битола. Дел од лицата ќе им се приклучат на тимот во фестивалската организација, а поголем дел ќе ги посетуваат филмските проекции. Исклучитечно впечатлива годинава е Вип детската програма. Заради огромната побарувачка и восхитувачките реакции на децата, освен проекциите во 10 часот, фестивалот додаде Кино утро односно уште една дополнителна проекција на филмовите со почеток од 8,30 часот. Инаку утрово си замина добитникот на специјалната „Златна камера 300“, Лука Бигаци. За вистинските љубители на фестивалот и уметноста на филмска камера, главен фестивалски настан што го одбележа вчерашниот ден всушност беше мастер-предавањето на еден од најавангардните италијански и светски кинематографери. Бигаци, со примери од своите филмови, говореше за финесите на современата кинематографската работа, но во поширок контекст, допирајќи социјални и политички теми, така што ја заинтересира публиката која имаше голем број прашања за него, а предавањето повеќе од траеше два и пол часа.
Слично

Поврзани вести